петок, 29. јули 2022. Вести денес: 99
home Фудбал

Лукаку се враќа во Интер

Лукаку се враќа во Интер

Ромелу Лукаку е пред враќање во Интер и следната недела треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи, пренесува „Газета дело Спорт“.  Лукаку после лошата сезона на „Стенфорд Бриџ“ и недоразбирањата со тренерот Тухел инсистира да се врати во Интер, а Челзи се согласи да го пушти на позајмица.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба се блиску до договор и Интер ќе плати 10 милиони евра за едногодишна позајмица.

Челзи така ќе се ослободи од високата плата на Лукаку, додека Белгиецот е спремен значително да ја намали платата само да се врати во Интер.

Коронавирус