сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Лукаку објасни зошто излегол да прослави со фановите на Интер

Лукаку објасни зошто излегол да прослави со фановите на Интер

Белгикискиот фудбалски репрезентативец Ромелу Лукаку е среќен во Интер и има посебно чувство кон клубот и затоа излегол вчера со фановите да прослави низ улиците во Милано.

„Ова беше прекрасна годна за нас. Навистина сум горд што сум фудбалер на Интер. Имам посебно чувство кон овој клуб, затоа решив да прославам низ градот со фановите. Му реков на мојот пријател дека ова е најдобриот начин да се искуси тоа, да се биде таму со фановите.За мене и многу соиграчи ова беше наша прва лига титула, па ова е момент кој сакавме да го споделиме со фановите.Минатата година исто така беше добра, но оваа е најдобра во мојата кариера. Прекрасно е, се надевам дека ќе продолжиме вака. Сакам да им се заблагодарам на сите. Навистина сум пресреќен“.

Коронавирус