четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 119
home Фудбал

Лукаку му кажа ДА на Челзи, Интер добива 130 милиони

Лукаку му кажа ДА на Челзи, Интер добива 130 милиони

Челзи не се откажува од намерата да го донесе Ромелу Лукаку на „Стенфорд Бриџ“ и преговорите се во напредна фаза.

Интер ја одби првата понуда од 100 милиони евра, но Челзи испрати нова понуда од 130 милиони евра која „нероаѕурите“ не можеа да ја одбијат.

Притоа, „сините“ на Лукаку му нудат двојно поголема плата, односно 15 милиони евра по сезона, па неговиот агент притиска Белгиецот да ја прифати понудата.

Последните информации се дека Лукаку му кажал ДА на Челзи и е спремен да се врати во Премиер лигата, па трансферот би требало да биде комплетиран во наредните денови.

Двата клуба ги договараат последните детали, а Интер ќе добие 120 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси.

Коронавирус