вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Лукаку може да го собори трансфер рекордот на италијанските клубови

Лукаку може да го собори трансфер рекордот на италијанските клубови

Ромелу Лукаку е главна цел на Челси во овој преоден рок, а премиерлигашот нема да се откаже од трансферот и покрај фактот што Интер ја одбил и втората понуда.

Според „Би-Би-Си“, европскиот првак понудил 85 милиони фунти, вклучувајќи го и Маркос Алонсо за да го добие Белгиецот, но Интер засега не се откажува од својот голгетер и најважен фудбалер во составот.

Во случај Интер и Лукаку да ја прифатат понудата на Челси, веројатно тоа ќе значи и нов трансфер рекорд за најскап фудбалер продаден од италијански клуб.

Актуелниот рекорд е сопственост на Пол Погба, кој замина од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра.

Зад Французинот се Гонзало Игуаин (од Наполи во Јувентус), а потоа следуваат Зинедин Зидан и Златан Ибрахимовиќ со нивните трансфери од 2001 (од Јувентус во Реал Мадрид), односно 2009 година (од Интер во Барселона).

Коронавирус