сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Лукаку: Мајкл Џордан е мојата инспирација

Лукаку: Мајкл Џордан е мојата инспирација

Белгискиот репрезентативен голгетер Ромелу Лукаку изјави денеска дека својата инспирација ја црпи на ист начин како и поранешниот легендарен НБА кошаркар Мајкл Џордан.

Лукаку наведе дека критиките на негова адреса само дополнително го мотивираат да им докаже на критичарите дека не се во право и уште повеќе да напредува во играта.

– Го гледав документарниот филм „Последниот танц“ посветен за Мајкл Џордан и Чикаго Булс и помислив дека не сум сам. Не велам дека сум Мајкл Џордан, но имам потреба од мотивација, изјави 28-годишниот Лукаку.

Белгиската репрезентација в недела во Севиља игра против Португалија во осминафиналето на Европското првенство.

Коронавирус