среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Фудбал

Лукаку како агент: Им предложил на челниците во Челси двајца играчи на Интер

Лукаку како агент: Им предложил на челниците во Челси двајца играчи на Интер

Белгиецот Ромелу Лукаку, со самото доаѓање во Челси, на клубот од „Стемфорд Бриџ“ му препорачал двајца свои поранешни соиграчи од Интер.

Станува збор за Алесандро Бастони и Милан Шкриниар.

Челси ова лето квалитетно се засилување и сезонава ќе важи за еден од фаворитите во Премиерлигата, заедно со Манчестер Сити, но доколку во Челси го послушат Лукаку, ќе биде интересно.

Белгискиот фудбалер им посочи на раководните структури дека треба да ги ангажираат што е можно побргу овие двајца играчи со кои Челси би бил уште посилен.

Лукаку две сезони беше дел од Интер и сето тоа на крајот се заврши со трофеј во Серија А.

Локални избори 2021