сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Лукаку ги обнови тренинзите со Јунајтед

Лукаку ги обнови тренинзите со Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку ги обнови тренинзите пред дербито на Манчестер в недела, изјави Жозе Мурињо. Белгиецот ги пропушти последните два натпревари поради повреда на мускулите.

– Лукаку тренираше со тимот утрово. Ако резултатите по оптоварувањето се позитивни и утре помине уште една сесија, тоа значи дека тој е подготвен, изјави менаџерот Жозе Мурињо на прес-конференција пред натпреварот во Манчестер Сити.

Дуелот се игра во недела од 17,30 часот на „Етихад“ а разликата помеѓу двата тима вомоментов е девет бода во корист на шампионот на Англија. (МИА)