среда, 17. јули 2019. Вести денес: 136
home Фудбал

Лукаку е нов играч на Интер

Лукаку е нов играч на Интер

Белгијскиот напаѓач Ромелу Лукаку договорил трансфер во Интер, утрово пренесе британски Сан.

Сан пренесува дека е постигнат договор помеѓу Лукаку, Интер и Манчестер Јунајтед, а клубот од Олд Трафорд на име обештетување ќе добие 75 милиони фунти.

Лукаку долго време се поврзуваше со трансфер во Интер, а се чини дека сега се е готово. Со тоа, тренерот на Интер ќе го добие напаѓачот кој го посакуваше, Јунајтед парите кои ги бараше, а Лукаку нова шанса да ја врати клупксата кариера.

Лукаку со Нероаѕурите би требало да потпише договор на пет години и да заработува девет милиони фунти годишно. Токму толку ќе заработуваше доколку останеше и во Манчестер Јунајтед со оглед на тоа дека платите на сите фудбалери беа намалени откако клубот не се пласира во ЛШ.

Инаку, Сан пренесува дека добиените пари од продажбата на Лукаку, Јунајтед веднаш ќе ги искористи и ќе го донесе плејмејкерот на Борнмут Дејвид Брукс, за кој наводно ќе плати 50 милиони фунти.