понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Фудбал

Лука Станковски потпиша за Монца чиј сопственик е Силвио Берлускони

Лука Станковски потпиша за Монца чиј сопственик е Силвио Берлускони

Италијанскиот клуб Монца го договори трансферот на младиот македонски фудбалер Лука Станковски.

Скопски Работнички потврди дека токму Станковски каде настапува веќе ги обезбедил правата на 18-годишниот фудбалер.

Станковски ќе ја доигра оваа сезона во составот на „романтичарите“, по што ќе се пресели во Монца, клубот во кој директор е Адријано Галијани, а сопственик е Силвио Берлускони.

– Горди сме што може да објавиме дека еден од најталентираните македонски фудбалери Лука Станковски од јуни кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот клуб Монца. Двата клуба ги договорија деталите за трансферот што треба да се реализира во летниот преоден рок. Можам да кажам дека имаше многу понуди за Лука Станковски, но донесовме заедничка одлука со фудбалерот и со неговите родители, Монца да биде идниот клуб, каде ќе продолжи да се развива и да се надградува. Среќни сме што Работнички успешно ја продолжува стратегијата за реализација на трансфери на млади и талентирани фудбалери во странство и горди што во еден исклучително тежок период на глобална пандемија на коронавирусот, Работнички оствари два трансфери, Давид Тошевски во Ростов и Лука Станковски во Монца“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.

Актуелен тренер на Монца е поранешниот фудбалер и тренер на Милан, Кристијан Броки, а за оваа екипа настапуваат искусните Кевин-Принс Боатенг и Марио Балотели.

Монца во моментов е на делба на второто место во Серија Б со повеќе екипи и со пет бодови заостанување зад лидерот Емполи.

Првите две екипи обезбедуваат директен пласман во елитата, додека екипите од третото до осмото место ќе играат плејоф за уште позиција.

Локални избори 2021