понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Лука Модриќ по мечот го зајаде Пике (ВИДЕО)

Лука Модриќ по мечот го зајаде Пике (ВИДЕО)

Фудбалерот на Барселона Жерард Пике не одигра ниту една минута на синоќешното „Ел Класико“, но затоа беше единствениот играч кој експресно тргна во расправа со главниот судија по крајот на натпреварот кој заврши 2:1 за Реал Мадрид.

Искусниот стопер на Барса го гледаше цел меч од клупата за резерви, но сепак не успеа да одолее и влезе на теренот по последниот судиски свиреж за да протестира кај главниот арбитар Хил Мансано.

По мечот Пике имаше една интересна конверзација со Лука Модриќ кој го „поздрави“ дефанзивецот.

– Го чекаше судијата за да почнеш да се жалиш…., – му порача Модриќ на Пике, кој му возврати дека четирите минути продолжение биле недоволни за едно такво хаотично второ полувреме.

Коронавирус