четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Луис Енрике: Промашениот пенал беше клучен моментот од натпреварот

Луис Енрике: Промашениот пенал беше клучен моментот од натпреварот

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике жали за промашениот пенал и пропуштената шанса за победа против Полска, но и ја пофали играта на ривалот по ремито во Севиља.

„Црвената фурија“ не победи ниту во вториот меч и мора да слави против Словачка за четири дена за пласман во следниот круг.

„Комплициравме многу, работевме премногу напорно на крајот претеравме пред целта. За разлика од нас, Полјаците беа многу поедноставни и поконкретни. Ми се допадна како играа. Имаа шанси и постигнаа еден гол. Не го напуштивме теренот со најдобро чувство – можеби бевме доминантен тим, но тоа очигледно не беше доволно за да победиме. Да, пеналот беше клучен момент. Да поведевме тогаш, ќе бевме многу поблиску до освојување на сите три бода“, заврши Луис Енрике.

Шпанија ќе биде домаќин и на третиот решавачки натпревар, следната среда на 23 јуни против Словачка.

Коронавирус