понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Луда случајност? Интер две години оди во ЛШ со гол во иста минута и секунда!

Луда случајност? Интер две години оди во ЛШ со гол во иста минута и секунда!

Екипата на Интер ќе биде претставник на Серија А во Лигата на шампионите, а две години по ред „нераѕурите“ обезбедуваат пласман во елитата во последното коло.

Лани, во последната рунда на Интер му беше потребна победа над Лацио и ја оствари, а слично беше и оваа година кога мораше да го победи Емполи. Интересно е што головите вредни Лига на шампиони се постигнати во иста минута и иста секунда.

На „Олимпико“ погодокот беше постигнат во 80 минута и 47 секунда, а верувале или не, истото беше и на „Џузепе Меаца“, на натпреварот против Емполи, кога Наинголан погоди за предност од 2-1 што подоцна беше и триумфот.

Извор: gol.mk

Каква неверојатна коинциденција…

Коронавирус