сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

ЛШ: Роналдо го спаси Солскјер од отказ, Киеза херој на Јувентус

ЛШ: Роналдо го спаси Солскјер од отказ, Киеза херој на Јувентус

Вечерва се oдиграа натпреварите од Лигата на шампионите со кој се комплетира второто коло, а дербито се играше во Торино помеѓу Јувентус и Челзи.

Во првото полувреме од натпреварот во Торино не гледавме динамичен фудбал, изгледаше како Јувентус да има контрола, но изостануваа 100% шанси. Така на пауза се замина без голови. Само што започна второто полувреме Јувентус стигна до предност, не помина ниту половина минута. После една одлична акција езгекутор беше Федерико Киеза.

Манчестер Јунајтед успеа да слави против Виљареал со гол во последните моменти од мечот. . И во овој натпревар не видовме голови во првото полувреме. После осум минути игра во второто полувреме стигна студен туш за домаќинот, гостите од Шпанија стигнаа до водство.

Јунајтед имаше среќа и брзо изедначи. Точно на истекот на еден час игра, Алекс Телес со одличен волеј удар по нафрлената топка од Бруно Фернандеш ја погоди мрежата. Голот за победа беше дело на Роналдо во петтата минута од судиското продолжени.

Баерн Минхен беше убедлив и ја оправда фаворитската улога против Динамо Киев. Тимот на Нагелсман постигна по два гола во првото и второт полувреме. Во првите 45 минути два пати стрелаше Левандовски, а во второто погодуваа Гнабри, Сане и Чупо Мотинг за конечни 5:0.

Барселона ги шокираше своите навивачи откако на гости загуби од Бенфика со 3-0. Во останатите два натпревари Волфсбург и Севиља одиграа 1:1, додека Салзбург со 2:1 беше подобар од Лил..

Коронавирус