четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 136
home Фудбал

ЛШ: Ливерпул триумфално низ Мадрид, дебакл на Борусија во Амстердам

ЛШ: Ливерпул триумфално низ Мадрид, дебакл на Борусија во Амстердам

Борусија Дортмунд доживеа дебакл кај Ајакс со 0-4, додека Ливерпул славеше во големото дерби против Атлетико Мадрид со 3-2, додека Реал Мадрид го декласира Шахтер со 4-0.

Ајакс во текот на првото полувреме до водство стигнаа со автоголот на Ројс, по што Блинд зголеми на 2-0.

Во вториот дел Ентони и Холер со уште по еден гол го комплетираа триумфот од 4-0. Ливерпул и Атлетико Мадрид одиграа одличен меч на „Ванда Метрополитано“, а на крајот триумфираше гостинскиот тим со 3-2.

Избраниците на Јирген Клоп поведоа преку Салах, по што Кеита стрелаше за 2-0 во 13. минута од средбата, но на сцена потоа стапи Гризман кој со два гола израмни на 2-2.

Во вториот дел Атлетико остана со играч помалку поради црвениот картон на нивниот херој до тој момент, Гризман поради груб старт, а Ливерпул казни преку Салах од пенал (3-2).

Шпанскиот тим Реал Мадрид славеше убедливо против Шахтер со 5-0, а во листата нс трелци се запишаа Винисиус Жуниор со два гола, Родриго и Бензема погодија по еднаш, како и Кривцов си постигна автогол.

ПСЖ со многу мака го совлада Лајпциг. Мбапе донесе водство за Парижаните, а Германците со два гола дојдоа до пресврт. Но, Лионел Меси со два гола ги врати работите по старо за конечен триумф.

Шериф Тираспол го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва молдавскиот тим е поразен од Интер со 3:1, иако во еден момент се закануваше повторно да дојде до изненадување. Џеко донесе водство од пенал, за Тил од слободен удар погоди за 1:1. Сепак, Видал и Де Фрај погодија за конечни 3:1 за „нероаѕурите“.Во истата група Порто го совлада Милан со 1:0.

 

Коронавирус