среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 165
home Фудбал

ЛШ: Црвена Звезда елиминирана од Шериф

ЛШ: Црвена Звезда елиминирана од Шериф

Молдавскиот фудбалски клуб Шериф Тираспол направи изненадување и ја елиминираше Црвена ѕвезда во третото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони. Шериф на свој терен победи со 1:0 и тоа беше доволно ако се знае дека пред една недела во Белград одиграа нерешено 1:1.

Ѕвезда беше фаворит во овој двомеч, но Шериф покажа дека има квалитет да изненади. Голот кој беше вреден пласман во плејофот за пласман во ЛШ на Шериф, го постигна Арболеда во судиското надополнување од првото полувреме.

Во следнат афаза ќе игра и Ференцварош, иако вечерва загуби на гости кај Славија Прага со 1:0, доволно им беше победата од првата средба на свој терен со 2:0.

Локални избори 2021