сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 75
home Фудбал

ЛШ: Црвена Звезда и Динамо Загреб ќе се сретнат доколку го поминат 3.коло од квалификациите

ЛШ: Црвена Звезда и Динамо Загреб ќе се сретнат доколку го поминат 3.коло од квалификациите

Во просториите на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за потенцијалните плеј-оф партнери, во квалификациите за место во Лигата на шампионите.

Утре ќе стартуваат разигрувањата во третата квалификациска рунда, а веќе е познато кој со кого вкрстува во последниот сегмент пред групната фаза.

Интересно, при евентуална победа во третата рунда Црвена Звезда и Динамо Загреб ќе вкрстат во разигрувањето за место во елитата.

  • Потенцијални парови во плеј-офот:

Салцбург – Брондби
ЦФР Клуж/Јанг Бојс – Ференцварош/Славија Прага
Малмо/Ренџерс – Олимпијакос/Лудогорец
Црвена Звезда/Шериф Тираспол – Динамо Загреб/Легија Варшава
Монако/Спарта Прага – Генк/Шахтјор Доњетск
Спартак Москва/Бенфика – ПСВ/Мидтјиланд

Утре и задутре ќе се одиграат првите натпревари од третата квалификациска рунда, додека следната седмица се закажани реваншите. Од друга страна, плеј-оф рундата ќе се игра на 17 и 18 првите дуели, додека возвратните ќе се одиграат на 24 и 25 август.

Коронавирус