четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 53
home Фудбал

ЛШ: Ајакс сигурен на домашен терен, Интер до бод против Шахтјор

ЛШ: Ајакс сигурен на домашен терен, Интер до бод против Шахтјор

Ајакс ја запиша втората победа во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) откако вечерва беше подобар од Бешикташ со 2-0, додека Интер мораше да се задоволи со бод на гостувањето кај Шахтер.

Тимот од Холандија до водство стигна по 17 минути игра, додека Холер во завршницата на првиот дел зголеми на 2-0. Гостите немаа многу шанси за да се вратат во мечот, но успеаа да ја зачуват мрежата и да доживеат дебакл.

Ајакс по две одиграни кола има шест бодови во групата Ц, три има Борусија Дортмунд, а без бодови се Бешикташ и Спортинг.

Интер имаше неколку добри шанси против Шахтер, но не искористи ниту една од нив. Един Џеко можеше да ги израдува гостите од Милано, но не успеа бидејќи од само неколку метри го промаши цел гол.

Во групата Д по еден бод имаат Интер и Шахтер, додека Реал Мадрид и Шериф имаат по три и допрва треба да го одиграа нивниот дуел од второто коло.

Локални избори 2021