понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ловрен ги воодушеви сите на пречекот во својот Карловац: Хрватскиот репрезентативец прати моќна порака до политичкиот врв

Ловрен ги воодушеви сите на пречекот во својот Карловац: Хрватскиот репрезентативец прати моќна порака до политичкиот врв

По неверојатниот пречек на сите играчи во Загреб, тие тргнаа на уште еден пречек и тоа во своите градови. Така и Дејан Ловрен отиде да ги поздрави навивачите во Карловац, во градот каде помина поголем дел од животот.

-Никогаш нема да го заборавам Карловац. Тоа беше првиот град кој ме прифати после бегалскиот период и Германија и на овој град му останав должен. Сакам да бидам меѓу своите луѓе и да покажам дека сум нормален човек како и секој од нив, кажа гордиот Ловрен, кој изрази благодарност до своите карловчани, што вака го дочекаа и прати порака до политичарите.

-Кога видовме по медиумите дека се прави единство во Хрватска, сфативме „Лијепа наша“ гори. Ова не смееме да го заборавиме и мораме нешто од тоа да научиме како друштво. Дека може низ работа и почитување да се дојде до големи работи. Политичарите мораат да ја сфатат пораката низ ова. Ако ние можевме ова да го направиме кои немаме големо влијание во друштвото, но покажавме дека како група можеме да и ја дадеме на Хрватска таа сила за единство, тогаш тоа го можат и они, ги воодушеви Ловрен сите со искажаните зборови и додаде дека не смее да се заборават оние кои загинале за државата…

-Секој човек вреди, како и оние кои не се со нас, кои загинаа во војната. Тие го направија тоа за нас, заклучи Ловрен, кој е дел од најдобриот тим на Светското првенство, каде се најде место за уште еден фудбалер на хрватскиот национален тим, станува збор за капитенот Лука Модриќ, кој беше и прогласен за најдобар фудбалер на целото првенство во Русија.

Коронавирус