среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 115
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Фудбал

Лотито: Фудбалот им помага на другите спортови

Лотито: Фудбалот им помага на другите спортови

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е убеден дека фудбалот има огромно влијание врз животот во Италија и дека сезоната во Серија А мора да се обнови, и покрај пандемијата на коронавирус.

Италија е една од најпогодените држави со новиот вирус, со двмесечен карантин што во моментот се спроведува во земјата, забранува какви било јавни и масовни настани.

– Ние сме голема индустрија која на државата и носи над 1,2 милијарди евра. Фудбалот им помага на другите спортови. Италијанскиот олимписки комитет финансира 460 милиони евра секоја година, додека имаме приход од милијарди, изјави Лотито за италијанските медиуми.

Екипите тренираат изолирани во специјални кампови. До крајот на првенството во првата лига остануваат 12 кола. Состојбата во Италија се очекува постепено да се врати во нормала по 3 мај.

Коронавирус