недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Лоши вести од Мадрид: Касиљас одново заврши во болница!

Лоши вести од Мадрид: Касиљас одново заврши во болница!

Легендарниот голман Икер Касиљас одново завршил во болница поради проблеми со срцето, пишуваат шпанските медиуми.

Додека бил на рекреација со свои пријатели, поранешниот член на Реал Мадрид и Порто почувствувал болки во градите. За негова голема среќе не се работело за нов срцев удар.

„После срцевиот удар еден месец се плашев да одам, да спијам и да направам физички напор. Беше многу тешко и се чувствував тажно. Сепак, сега е поинаку и јас сум добро. Ги слушам лекарите и само тие можат да кажат што можат и што не можат“, изјави Касиљас.

Шпанецот во 2019 година итно беше префрлен во болница, откако доживеа срцев удар на еден тренинг на Порто.

Касиљас сподели фотографија со своите 16,8 милиони следбеници на Инстаграм, веднаш по овој несакан момент и напиша „Живеј денес, утре ќе видиме“.

ЕУРО 2020

Македонија