вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 117
home Фудбал

Лорис доби казна од 50.000 фунти и забрана за возење

Лорис доби казна од 50.000 фунти и забрана за возење

Судот во Лондон поради возење во алкохолизирана состојба му изрече паричната казна од 50.000 фунти и му ја одзеде возачката дозвола на 20 месеци на голманот и капитен на Тотенхем, Иго Лорис.

Toj на 24 август бил запрен при рутинска контрола и не го поминал тестот за алкохол, a потоа бил приведен.

Лорис се произнесе за виновен во случајот, а претходно упати јавно извинување до семејството, соиграчите, управата и навивачите на клубот. (МИА)