четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Лорик Цана ќе ја спасува Шкендија

Лорик Цана ќе ја спасува Шкендија

Катастрофата на Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите  и Европа лигата ќе донесе промени во раководството на клубот, ова го јавуваат медиумиtе од Македoнија на албански јазик.

Според овие тврдења, Лорик Цана ќе биде ново име во раководството на Шкендија, тој ќе ја превземе претседателската функција кај шампионот на Македонија.

Цана е голем пријател со Лазим Дестани, главниот финансиер на Шкендија  и се поврзува со функција кај клубот од Тетово.

Шкендија се избламира во натпреварувањата на УЕФА сезонава каде имаше големи амбиции но не успеа да дојде до добри резултати, против Дуделанж ја потврди својата слаба форма и беше елиминирана од тимот од Луксембург во Европа лигата.

Извор: dribling.mk

Коронавирус