вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 99
home Фудбал

Лопетеги: Благодарам за добиената можност да го водам Реал

Лопетеги: Благодарам за добиената можност да го водам Реал

Сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид, изрази јавна благодарност што доби шанса да го предводи актуелниот европски шампион.

Лопетеги во јули ја напушти селекторската функција во шпанската фудбалска репрезентација и го прифати предизвикот да седне на тренерското место во „кралскиот клуб“. Сепак, не издржа долго, откако синоќа управата донесе одлука за негово разрешување поради слаби резултати.

– Сакам да му се заблагодарам на раководството за добиената шанса да го водам Реал. Благодарност и до фудбалерите за нивниот труд и залагање. Благодарам и на останатите во клубот со кои соработував, исто така и до навивачите за поддршката. На Реал му посакувам успех во продолжение од сезоната, изјави Лопетеги.

До назначување нов тренер, Реал ќе го води Сантијаго Солари. (МИА)

Коронавирус