сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 88
home Фудбал

Лондонскиот градоначалник вети дека сите англичани дека ќе добијат бесплатен билет за финалето на ЕУРО2020 доколку се вакцинираат до четврток

Лондонскиот градоначалник вети дека сите англичани дека ќе добијат бесплатен билет за финалето на ЕУРО2020 доколку се вакцинираат до четврток

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, објави денеска дека жителите на англиската престолнина ќе имаат можност бесплатно да добијат билети за финалето на ЕУРО2020 доколку најдоцна до четврток примат прва доза вакцина против Ковид-19.

Финалето на Европското првенство ќе се игра на лондонскиот стадион „Вембли“ на 11 јули.

Првиот финалист ќе биде познат вечерва по натпреварот меѓу Италија и Шпанија, додека во второто полуфинале Англија утре на „Вембли“ е домаќин на Данска.

Истиот ден жителите на Лондон ќе можат да учествуваат во онлајн лотарија во која најсреќните ќе добијат билети за финалниот натпревар на ЕУРО2020.

Услов за учество во лотаријата е заинтересираните во текот на оваа недела да примат прва доза од вакцината против коронавирус или да поседуваат потврда дека веќе имаат закажано термин.

Лицата, кои ќе споделат на социјалните мрежи дека имаат примено прва доза од вакцината или имаат закажано термин, ќе имаат право два пати да учествуваат во лотаријата.

Лондонскиот градоначалник најави дека детални информации за лотаријата ќе објави утре претпладне преку своите профили на социјалните мрежи. (МИА)

Локални избори 2021