сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 91
home Фудбал

ЛН: Шпанија ја совлада Англија на „Вембли“

ЛН: Шпанија ја совлада Англија на „Вембли“

Шпанија ја победи Англија со 2:1 на гостувањето на „Вембли“ во рамките на Лигата на нации.

Натпреварот од Групата 4 од Лига А траеше повеќе од 100 минути, а Англија во 11-та минута поведе со погодокот на Маркус Рашфорд. Но, две минути подоцна Саул Нигез беше прецизен за израмнување, а во 32-та минута Родриго и донесе победа на Шпанија и ги постави конечните 1:2.

За англиската репрезентација ова е прв пораз по 2007 година на „Вембли“, а воедно на натпреварот Луис Енрике дебитираше како селектор на шпанската клупа.

Во натпреварот од Групата 2 од Лига А, Швајцарија во Сент Гален убедливо го совлада Исланд со 6:0.

Босна и Херцеговина во Групата 3 од Лига Б ја совлада Северна Ирска со 1:2.

Во Групата 2 од Лига Ц се одиграа два натпревари при што Естонија ја совлада Грција 0:1, а Финска оставри победа над Унгарија од 1:0.

Во рамките на најслабата Лига Д во Групата 2, Белорусија убедливо го совлада Сан Марино со 5:0, а во истата група Луксембург забележа победа на домашен терен против Молдавија од 4:0. (МИА)

Коронавирус