среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Фудбал

ЛН: Италија ремизираше со Полска, Русија ја совлада Турција

ЛН: Италија ремизираше со Полска, Русија ја совлада Турција

Во рамките на новото натпреварување на УЕФА – Лигата на нациите синоќа се одржаа повеќе средби.

Италија во Лигата А на натпреварот во Болоња ремизираше со 1:1 против Полска, додека Русија во Лига Б на гостувањето во Трабзон ја совлада Турција со 1:2.

Албанија во Група 1 од Лига Ц на домашен терен го совлада Израел со 1:0.

Србија во Група 4 од Лига Ц во Вилнус ја совлада Литванија со 0:1, додека во истата група Романија и Црна Гора ремизираа без голови.

Азербејџан во Група 3 од Лига Д ремизираше без голови со Косово, а репрезентацијата на Фраски Острови ја совлада Малта со 3:1.

Македонија настапува во Групата 4 од Лига Д  и досега оствари гостинска победа против Гибралтар од 0:2. (МИА)

Коронавирус