петок, 18. септември 2020. Вести денес: 76
home Фудбал

Ливерпул веќе го прогласуваат за првак, а Клоп тврди: Ништо не е готово!

Ливерпул веќе го прогласуваат за првак, а Клоп тврди: Ништо не е готово!

Ливерпул синоќа го суреди Лестер со 4-0 и избега на 13 бода предност на табелата во Премиерлигата, па веќе јавноста на Островот ги прогласија „црвените“ за шампиони, но менаџерот Јирген Клоп не сака ни да чуе за такво нешто откако најсилната англиска лига стигна само на половина пат.

„Црвените“ играат неверојатно во сезонава, па серијата од 35 меча без пораз во сите натпреварувања и моќните настапи со право ги ставаат како први фаворити после точно 30 години да ја вратат круната на „Енфилд“, ама далеку е славјето за круната, без оглед што бодовното салдо најавува – лесна круна.

„Дали се 10, 13, 15 бода – не мислиме на тоа. Мислиме само на следниот меч, мислиме само на фудбал и како да бидеме подобри во следниот дуел. Зошто би мислеле поинаку? Ако може да освојувате бодови, може и да губите. Ништо не е готово. Видете ги петте следни мечеви. Вулверхемптон, кој игра извонредно, па Шефилд јунајтед кој влезе во одлична серија, па Тотнем, Манчестер… Не ми звучи ова дека се е готово. Бројките за нас се само бројки, ништо повеќе“, рече Клоп.

Коронавирус