петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 187
home Фудбал

Ливерпул подготвува трансфер бомба

Ливерпул подготвува трансфер бомба

Шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп е очаен во намерата да го добие тинејџерот од Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, кого го идентификувал во фудбалер кој е иднината на овој тим

Како што пишуваат тамошните медиуми, „Редсите“ идното лето би можеле да потрошат цели 80 милиони фунти за трансферот на 18 годишниот репрезентативец на „Гордиот албион“, со тоа што би се срушил клупскиот рекорд за трансфери.

Ливерпул е доста тивок на трансфер пазарот, па така наместо да ангажира засилувања во тимот, одлучи да ги обновува договорите со нови услови за своите фудбалери, меѓутоа се верува дека поранешниот член на Бирмингем уште од сега е поставен како приоритетна трансфер цел за идниот летен преоден рок.

Локални избори 2021