недела, 24. септември 2023. Вести денес: 19
home Фудбал

Ливерпул одби сместување во Доха поради начинот на кој е изграден хотелот!

Ливерпул одби сместување во Доха поради начинот на кој е изграден хотелот!

Актуелниот шампион во Лугата на шампионите, екипата на Ливерпул, ќе има изузетно напорен месец (декември), бидејќи освен што играат во Премиер Лигата, се очекува да имаат и натпревар во купот, како и на Светското клупско првенство, кое се игра во Катар.

Првиот натпревар за Ливерпул во ова натпреварување е закажан за 18 декември, и тоа во полуфиналето.

Сепак, Ливерпул веќе имаше проблеми со организаторот, бидејќи тие одбија сместување кое беше предвидено за нив.

Имено, тие требаше да бидат сместени во хотел со пет ѕвезди, но челниците на клубот ја отфрлија таа опција. Причината за тоа се претходните пишувања на англиските медиуми, дека зградата е изградена спротивно од човековите права.

Хотелот, наводно, бил изграден од имигранти кои работеле дванаесетчасовна смена на 45 степени, заработувајќи само осум фунти на ден.

Ливерпул ги извести челниците на Катар, како и ФИФА дека не сакаат да останат во хотелот и ќе бараат ново сместување.