понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 78
home Фудбал

Ливерпул на 22 јули ќе го добие шампионскиот трофеј од Премиер лигата

Ливерпул на 22 јули ќе го добие шампионскиот трофеј од Премиер лигата

Новиот фудбалски шампион на Англија, тимот на Ливерпул, трофејот за освојување на првенството 2019/20, ќе го доби на 22 јули на „Енфилд“.

Прес-службата на Премиер лигата соопшти дека церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на домашниот стадион на „црвените“, по натпреварот од 37. коло против Челзи. Фудбалерите, тренерскиот персонал и персоналот на Ливерпул ќе добијат пехар и златни медали на специјалниот подиум, кој ќе биде поставен на трибината на навивачите „Коп“.

Се соопштува дека на церемонијата ќе учествува Кени Далглиш, под чие водство Ливерпул стана шампион последен пат, во 1990 година. (МИА)

Коронавирус