вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Ливерпул го доби она што одамна го немаше: Ваков голман на Енфилд немало долги години- дали конечно се спремни за титула? (ВИДЕО)

Ливерпул го доби она што одамна го немаше: Ваков голман на Енфилд немало долги години- дали конечно се спремни за титула? (ВИДЕО)

Ладнокрвност, сигурност, самодоверба и уште многу работи кои Ливерпул ги немаше на голот уште од најдобрите денови на Пепе Реина на Енфилд. Се чини дека се тоа го добија со доведувањето на Алисон Бекер, кој беше еден од клучните фактори за важната победа против Кристал Палас вчера вечер на Селхарст Парк.

Многумина го критикуваа Јирген Клоп за потрошените 62 и пол милиони евра. Најмногу од нив изгледа не ги следеа ланските настапи на одличниот Бразилец во дресот на Рома.

Алисон во тешките мигови од вчерашниот натпревар донесе мир во тимот. Ливерпул имаше голман кој не паничи на ниту една повратна топка, за што сведочи и податокот дека на вчерашниот натпревар имаше 21 точен пас од упатени 23. Податок на кој може со доза на љубомора да гледа и Пеп Гвардиола, кој Едерсон од Бенфика го донесе баш поради добрата игра со нозете и сигурниот пас. Сепак, се чини дека на Енфилд доведоа уште подобар од него.

Но не е само таа игра со нозете клучен квалитет на Алисон Бекер. Одличниот чувар на мрежата имаше неколку одлични парада, а пред се онаа кога спаси може да се каже совршен удар на Лука Миливојевиќ од слободен удар, со што покажа дека за него практично не постои неодбранлив удар.

-Каков голман! Вау! Тоа беа одлични одбрани, многу сум среќен поради тоа. Одигра одличен меч и многу ни помогна, изјави Јирген клоп, кој во текот на вчерашниот меч со стиснати тупаници и во свој стил реагираше на секоја интервенција на својот бисер на голот.

Колку значи стабилен чувар на мрежата јасно се виде и по реакциите на целата последна линија на Ливерпул. Јасно е дека Алисон на сите им донесе доза на самодоверба која ја немаа досега.

-Тој е фантастичен. Гледате колку сконцентриран, стабилен и присутен во играта. Многу сме среќни што го имаме во тимот, тој има одличен карактер, изјави Вирџил Ван Дајк.

Во Ливерпул се склони на влегување во еуфорична состојба. Шест бода на стартот на сезоната делуваат доста ветувачки, но јасно е дека пред тимот на Клоп има уште многу работа. Засилувања како што се Алисон и Наби Кеита, веќе донесоа дополнителен квалитет на овој тим, а начинот на кој е совладан Кристал Палас мора да биде применет во т.н. мали натпревари оваа сезона. Натпреварите со Манчестер Сити и останатите великани на англискиот фудбал, најверојатно ќе бидат и полесната задача на овој полетен тим на Јирген Клоп.

Коронавирус