среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 146
home Фудбал

Лига Европа: Сигурни победи на Ајакс и Виљареал, реми на „Олд Трафорд“

Лига Европа: Сигурни победи на Ајакс и Виљареал, реми на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед и Милан одиграа 1:1 на „Олд Трафорд“ во најатрактивниот меч од осминафиналето во Лигата на Европа.

По првиот дел немаше погодоци, а на почетокот на второто полувреме, домаќините со погодокот на Амад Диало поведе со 1:0.

Милан не се предаде и тргна офанзивно да израмни. Росонерите имаа повеќе шанси за погодок, а радоста за гостите стигна во финишот, односно во 90+2 минута, кога Кјер погоди со глава за 1:1 и обезбеди добар резултат за Милан пред реваншот на „Сан Сиро“.

Во останатите три натпревари кои завршија во Лига Европа, Ајакс си обезбеди одлична позитива од 3:0 против Јанг Бојс,.

Виљареал  со 2:0 славеше на гости кај Динамо Киев додека с редбата меѓу Спарта Прага и Ренџерс заврши 1:1.

Локални избори 2021