Тимовите на Лидс Јунајтед и Барнли официјално се вратија во англиската Премиер лига. Двата тима имаат по 94 бода и се недостижни на табелата во англиската Чемпионшип дивизија каде третопласиран е во моментов Шефилд Јунајтед, кој има осум бода помалку.
Лидс во 44. коло го декласираше Стоук Сити со огромни 6-0, додека Барнли со 2-1 славеше токму над Шефилд и на тој начин избори директна промоција во елитниот англиски шампионат.
Шефилд ќе се обиде да ја обезбеди својата виза преку плеј-офот, но тука во игра е и Сандерленд како и уште два тима кои ќе бидат познати по одигрувањето на последните две кола. Во моментов, во најдобра позиција се Бристол Сити и Ковентри.