петок, 6. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Фудбал

Леванте се подготвува да слуша понуди за Барди

Леванте се подготвува да слуша понуди за Барди

Енис Барди немаше среќа во изминатите неколку месеци. Во април имаше проблеми со шпанските надлежни органи поради возачката дозвола, потоа не настапи на последните пет натпревари во Примера, за на крај да добие позитивен тест на коронавирус непосредно пред почетокот на Европското првенство.

Очигледен беше ефектот кој го имаше самоизолацијата врз неговата игра. На трите натпревари за Македонија во групната фаза не влијаеше на играта онака како што навивачите се навикнати да го прави тоа. Долго време се зборува за негова продажба од страна на Леванте. Клубот има финансиски проблеми кои се надева дека ќе ги реши со инкасирање милиони од неговиот трансфер.

Неколку европски екипи покажаа интерес за играчот за врска во последните неколку сезони. Но, ниту една од нив не испрати официјална понуда. Откупната клаузула на 25-годишникот е 50 милиони евра, но шпанскиот тим се надева дека ќе заработи нешто повеќе од 15 милиони евра.

Барди ја комплетира четвртата сезона во Примера. Во изминатата сезона запиша скромни два погодоци на 30 настапи во сите натпреварувања.

Коронавирус