понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 180
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Фудбал

Леванте на Барди врза три победи

Леванте на Барди врза три победи

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот натпревар во синоќашниот триумф на Леванте над Севиља со 2:1.

Ова беше дуел од 35. рунда во Ла Лига по кој тимот за кој настапува Барди го обезбеди опстанокот.

Воедно, Леванте ја продолжи серијата победи која трае веќе три кола, а почна на 19 април против Малага, па продолжи на 23 април со Атлетик Билбао, за синоќа да биде совладана фаворизираната Севиља.

Во следната рунда, Леванте на 7 мај гостува кај Легањес.

(Миа)

Коронавирус