недела, 1. август 2021. Вести денес: 122
home Фудбал

Леванте го продава Енис Барди?

Леванте го продава Енис Барди?

Како што наведува „Супер Спорт“, шпанскиот фудбалски клуб Леванте ќе мора да добие нешто повеќе од 16 милиони евра за да ја покрие загубата и финансиските проблеми а сите тие проблеми може да ги реши со продажба на нашиот репрезентативец Енис Барди.

Македонецот претходно се поврзуваше со повеќе клубови кои беа заинтересирани за неговиот потпис, меѓутоа Леванте не беше расположен за продажба на еден од своите најдобри поединци, но сега ситуацијата се промени по тоа прашање.

25 годишниот Барди има активен договор со шпанскиот прволигаш до идната година, меѓутоа истиот има опција и за дополнителни две години.

Коронавирус