петок, 25. септември 2020. Вести денес: 166
home Фудбал

Леванте е подготвен да го продаде Барди, ако дојде примамлива понуда за македонскиот ас

Леванте е подготвен да го продаде Барди, ако дојде примамлива понуда за македонскиот ас

Шпански Леванте е подготвен да преговара и да го продаде македонскиот ас Енис Барди летово, но само ако на клупска адреса дојде примамлива понуда која ќе донесе сериозна сума на пари во клупската каса во овој тежок финансиски период, предизвикан поради глобалната пандемија со коронавирус.

Според весникот „Ла Разон“, од Леванте наводно посочиле дека седум фудбалери се на „трансфер листа“ и за нив може да се преговара, но само под услови тие трансфери да донесат голем финансиски бенефит, а меѓу нив е и Барди. Но, сето тоа ќе зависи најмногу од фактот колку и што ќе понудат заинтересираните страни за фудбалерите кои високо котираат со цена во клубот.

Покрај Барди, Леванте е подготвен да преговара и за Кампања, Аитор Фернандез, Садику, Ернани, Вукчевиќ…

Барди пред еден месец се поврзуваше со трансфер во Арсенал, после информации од Шпанија дека „топчиите“ веќе испратиле примамлива понуда, а наводно сериозен интерес има и од Лацио, Фиорентина, од градскиот ривал Валенсија, како и од два бундеслигаши. Барди има договор со Леванте до 2022 година, има откупна клаузула од 50 милиони евра, а од поодамна шпански медиуми посочуваат дека Леванте не прифаќа сума помала од 25 милиони евра.

Во изминатиов период, од раководството на клубот, веќе објавија дека очекуваат Барди да остане и за следната сезона, зашто македонскиот репрезентативец не истакнал желба да си оди, а конкретна понуда за него нема.

ИЗВОР: СПОРТ1

Коронавирус