среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 136
home Фудбал

Левандовски за откажувањето на „Златната топка“: Многумина знаат дека ја имав најдобрата сезона

Левандовски за откажувањето на „Златната топка“: Многумина знаат дека ја имав најдобрата сезона

Фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски ги сподели своите размислувања за откажувањето на „Златната топка“ во 2020 година.

– Некој одлучи дека оваа година да нема „Златна топка“. Можеби тие ја донесоа оваа одлука прерано, бидејќи останаа останатите трофеи. Многу играчи, тренери, новинари знаат дека ја имав мојата најдобра сезона.

Баерн постигна многу, беше неверојатно. Мило ми е што сите го видоа тоа. Овие трофеи се нешто убаво, неверојатно. Но, јас исто така знам дека секоја индивидуална награда му припаѓа на целиот тим.

Тешко е за тим да игра без напаѓач, но напаѓачот не може да игра и без тим, истакна Левандовски.

Организаторите на престижната награда „Златна топка“ која се доделува на најдобриот фудбалер во годината, одлучија во 2020 да не се доделува поради пандемијата на коронавирус.

Коронавирус