среда, 4. август 2021. Вести денес: 55
home Фудбал

Левандовски прв фудбалер во Бундеслигата кој стана најдобар стрелец во три последователни сезони

Левандовски прв фудбалер во Бундеслигата кој стана најдобар стрелец во три последователни сезони

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постигна најмногу голови во германската Бундеслига која заврши денес. Полскиот фудбалер стана првиот играч во историјата на првенството кој ја освои титулата најдобар стрелец во три последователни сезони.

На сметка на Полјакот оваа сезона се 34 погодоци за 31 натпревар. Левандовски и денес постигна гол во триумфот над Волзсбург со 4:0.

Претходно, Левандовски беше прогласен и за најдобар играч во Бундеслигата за оваа сезона.

По Левандовски на листата на стрелците се Тимо Вернер од Лајпциг со 28 гола на 34 натпревари и Џејдон Санчо со 17 гола на 17 натпревари. (МИА)

Коронавирус