вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 40
home Фудбал

Левандовски повторно му се нуди на Реал

Левандовски повторно му се нуди на Реал

Најдобриот стрелец на Баерн, Роберт Левандовски сака да стане нов играч на Реал затоа стапи во контакт со мадридскиот клуб преку својот менаџерот, пренесува шпанска „Марка“.

Како што е наведено, полскиот голгетер по четири години во Баерн сака да го напушти Минхен, а најавените промени во Реал и најверојатното заминување на Карим Бензема одат во негов прилог.

Најголема пречка за остварување на трансферот на играчот кој во два наврата беше многу блиску до Реал, може да претставува актуелниот договор со Баварците кој истекува летото 2021 година.

Левандовски низ својата кариера настапуваше за Делта, Легија, Жниц, Лех и Борусија Дортмунд.

За репрезентацијата на Полска одигра 91 натпревар и постигна 51 гол.

Коронавирус