Полскиот фудбалски репрезентативец Роберт Левандовски ќе го напушти клубот најдоцна до летото 2023 кога му истекува важечкиот договор.
Спорт 1 повикувајќи се на свои извори, ја потврдува оваа информација. Првите луѓе на германскиот шампион досега секогаш велеа дека одбиваат да се разделат со 33-годишниот напаѓач, кој постигна 343 гола за баварскиот клуб од 2014 година.
Но, доколку, според германските медиуми, не биде продаден ова лето, тоа би значело дека следното лето Полјакот фудбалерот си заминува бесплатно.