сабота, 17. август 2019. Вести денес: 76
home Фудбал

Лев не знае зошто Озил одби да комуницира

Лев не знае зошто Озил одби да комуницира

Селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев, изјави дека не ги знае причините зошто играчот на Арсенал, Месут Озил одбил да комуницира со него.

Лев отпатува во Лондон во тренинг-базата на „топџиите“ за лично да се види со Озил, но беше одбиен.

Наместо тоа, Лео разговараше со Мертезакер, Лено и Мустафи.

– Месут тогаш не беше на тренинг, па мора да признаеме дека тој не сака да разговара со нас во моментот. Не ги знам причините. Бев многу разочаран што лично не ме информираше за неговата одлука. Секој знае дека сум секогаш подготвен да зборува, но немаше сигнал од Озил. Би сакал да биде поинаку, но ако сега е така, тогаш нека биде така, изјави Лев.

Езил настапуваше за германската репрезентација од 2009 до 2018 година. Беше во составот кој го освои Светското првенство во 2014 година. По Светското првенство во Русија во 2018 година, тој рече дека ги завршува настапите за националниот тим. Според него, тој се соочувал со расизам поради неговото турско потекло.