вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Лев и официјално останува на чело на Германија

Лев и официјално останува на чело на Германија

Јоахим Лев и официјално останува на чело на Германија. Веста беше потврдена од Германскиот фудбалски сојуз.

– Имавме многу отворен и искрен дијалог во кој зборувавме за многу работи. Сите ние сме цврсто убедени дека во лицето на Јоаким Лев имаме селектор, кој многу точно може да анализира и да ги направи вистинските чекори за да го поведе нашиот тим назад по патот на успехот, изјави претседателот на ГФС Рајнхард Гриндел.

Тој додаде дека е избрзано неколку дена по елиминацијата да очекуваат анализа за тоа што се случило, но очекува таква од Лев и Оливер Бироф (спортскиот директор) пред натпреварот против Франција на 6 септември, кога почнуваат со настапот во Купот на нациите.

Самиот Лев, пак, изрази благодарност за укажаната доверба кон него.

– Многу сум благодарен за довербата што ГФС продолжува да ја има во мене и ја чувствувам нивната поддршка, и покрај фер критиките. За мене беше важно по неколку дена, во кои размислував многу, да се сретнам лично со раководителите на ГФС, објасни Лев.

Неговото разочарување останува огромно, но селекторот на „панцирите“ е решен да постави нови основи на светските шампиони во 2014 година.

– Ме радува многу дека продолжуваме со Јоаким Лев на чело на националниот тим. Вчера бевме долго заедно и почувствував дека сака да продолжи. По 14 години успешна работа треба да почнеме одново и сега ќе размислиме конкретно на тоа, како и врз дополнителни структурни промени, рече Бироф.

Коронавирус