среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 4
home Фудбал

Лев го продолжи договорот со Германија и го објави списокот за СП 2018

Лев го продолжи договорот со Германија и го објави списокот за СП 2018

Германскиот селектор Јоаким Лев потпиша нов договор до 2022 година, соопштија од Германскиот фудбалски сојуз. Досегашниот договор на експертот истекуваше по крајот на Евро 2020. На тој начин се става крај на гласините дека популарниот Јоги може да се врати на клупскиот фудбал уште ова лето. Неговото име беше поврзано со тимови како Арсенал и Баерн Минхен.

Педесет и осум годишниот тренер е во Бундестимот уште од 2004 година – првично како асистент, а од 2006 година како селектор. Под негово раководство „панцирите“ ја освоија светската титула во Бразил во 2014 година, триумфираа на Купот на Конфедерации во 2017 година, завршија трети на Мундијалот во 2010 година, стигнаа до финалето на Евро 2008 и отпадна во полуфиналето на следните два еврошампионата – во 2012 и 2016 година

Селекторот на светските шампиони на денешниот прес, на кој го објави проширениот состав за Мундијалот во Русија, објасни дека од далеку не му било лесно во избор на тимот. Лев посочи група од 27 играчи, од кои еден голман и три теренски играчи ќе отпаднат.

На листата не се наоѓаат имиња како Марио Геце и Сандро Вагнер, но пак е вклучен е Мануел Ноер, кој поради операција не играл девет месеци досега.

– Понекогаш сè зависи од деталите. Понекогаш мојата работа е да ги прекинам соништата, но овие се тешки одлуки. Мојот избор е многу покомплексен отколку што мислат некои. Тоа зависи од улогата на еден фудбалер не само на теренот, туку и надвор од него. Геце е многу талентиран играч, но сезоната едноставно не беше негова, изјави селекторот за херојот од Светското првенство пред четири години.

За Ноер, Јоги изјави дека ако тој не е во форма, како што самиот тврди, нема да патува за Русија.

– Ќе имаме разговор со него кон крајот на мај. Тој тврди дека е во форма. Ноер е наш капитен, но без пракса на теренот, не можеш да бидеш на Светското првенство, заврши Германецот.

Бундестимот планира две контролни средби – против Австрија (2 јуни) и Саудиска Арабија (8 јуни), но се чини дека иднината на Ноер ќе биде решена претходно.

Составот на Германија за СП 2018:

Голмани: Бернд Лено, Мануел Ноер, Тер Штеген, Кевин Трап;

Одбрана: Жером Боатенг, Матијас Гинтер, Јонас Хектор, Матс Хумелс, Џошуа Кимих, Марвин Платенхард, Антонио Ридигер, Никлас Шиле, Џонатан Тах;

Среден ред/: Јулијан Бранд, Јулијан Дракслер, Марио Гомез, Леон Горецка, Илкај Гундоган, Сами Кедира, Тони Крос, Томас Милер, Месут Озил, Нилс Петерсен;

Напад: Марко Ројс, Себастијан Руди, Лирој Сане, Тимо Вернер.

Коронавирус