четврток, 22. април 2021. Вести денес: 98
home Фудбал

Лестер без Симпсон на дуелот со Ливерпул

Фудбалерот на Лестер, Дани Симпсон ќе го пропушти дуелот со Ливерпул, објавија англиските медиуми.
Лестер без Симпсон на дуелот со Ливерпул

Дефанзивецот на поранешниот англиски шампион го повреди бутниот мускул и се очекува да биде надвор од терените следните неколку седмици.

Симпсон се повреди пред четири дена во ремито со Манчестер Јунајтед (2:2) и не играше со Вотфорд.

Лестер ќе гостува на „Енфилд“ кај Ливерпул в сабота со почеток во 16 часот.

Коронавирус