понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 69
home Фудбал

Леонардо: Мбапе може да си замине, но само под наши услови!

Леонардо: Мбапе може да си замине, но само под наши услови!

Реал Мадрид ја испрати првата официјална понуда за трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Шпанскиот клуб му понудил на Пари Сен Жермен 160 милиони евра за Французинот и побарал дозвола да преговара со неговите застапници.

Парижаните одбија да го продадат 22-годишниот играч за оваа сума, а денес првпат се огласија преку спортскиот директор Леонардо.

„Изгледа како Килијан да сака да си замине од ПСЖ. Нема да му стоиме на патот, но ако мора да биде продаден – тоа ќе биде под наши услови. Нема да дозволиме да го продадеме за помалку од сумата која му ја плативме на Монако за него. Ми изгледа како „финта“ на Реал Мадрид дека се обиделе да го купат ова лето, за да го ангажираат бесплатно догодина“, рече Леонардо.

Летниот преоден рок завршува на 31 август на полноќ, а оваа трансфер „сапуница“ веројатно ќе се оддолжи до самиот крај на терминот за пријавување на трансфери.

Коронавирус