петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 19
home Фудбал

Легендата за „Кирикочо“ заживеа и на ЕВРО 2020, Кјелини потврди дека го баксузирал Сака (ВИДЕО)

Легендата за „Кирикочо“ заживеа и на ЕВРО 2020, Кјелини потврди дека го баксузирал Сака (ВИДЕО)

Џорџо Кјелини има свој придонес во промашениот пенал на Букајо Сака, дефанзивецот на Јувентус го баксузирал младиот фудбалер и ја донесе легендата за „Кирикочо“ на ЕВРО 2020.

Италија ја доби Англија на пенали во финалето на ЕВРО 2020, младиот Букајо Сака го промаши одлучувачкиот ударот од белата точка и почна славјето на „аѕурите“. Медиумите од Јужна Америка забележаа една реакција на Џорџо Кјелини пред фудбалерот на Арсенал да бие, дефанзивецот на Јувентус го баксузираше противникот извикувајки „Кирикочо“.

Приказната вели дека навивач на Естудиантес де ла Плата, кој имал прекар „Кирикочо“, носел малер и секогаш кога ќе се појавел на тренинг, нешто лошо се случувало, обично повреди на играчите. Кога за ова разбрал тогашниот тренер на Естудиантес, Карлос Салвадор Биљардо, решил да го користи „Кирикочо“ да им прави баксуз на противниците.

„Кирикочо“ ги пречекувал гостинските тимови, се поздравувал и им правел малер. Естудиантес таа година станува шампион и се раѓа легендата за „Кирикочо“.

Поранешниот шпански репрезентативец, Хуан Капдевиља неодамна откри дека во очај викал „Кирикочо“ кога Робен излезе сам пред Касиљас во финалето на СП 2010, Холанѓанецот тогаш промаши 100% шанса а Шпанија се радуваше на титулата.

Со „Кирикочо“ беше баксузиран и Ерлинг Халанд на дуел од Лигата на шампиони против Севиља, тогаш малку фалеше да дојде до тепачка.

Локални избори 2021