петок, 7. мај 2021. Вести денес: 148
home Фудбал

Легендата на Јунајтед, Гигс нов селектор на Велс

Легендата на Јунајтед, Гигс нов селектор на Велс

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е нов селектор на репрезентацијата на Велс, пренесуват британските медиуми.

Како што јавува Би-Би-Си, Фудбалскиот сојуз на Велс денес би требало да соопшти дека со поранешниот репрезентативец на Велс, Гигс ќе потпише четиригодишен договор.

Гигс доаѓа на местото на Крис Колман кој во ноември ја напушти репрезентацијата и го презема Сандерленд.

Од 1991 до 2007 Гигс одигра 64 натпревари за Велс и постигна 12 голови. Беше и капитен на репрезентацијата.

Коронавирус