петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 85
home Фудбал

Легендата на Интер ги советува „нероаѕурите“: Ако имате пари одма купете го Погба!

Легендата на Интер ги советува „нероаѕурите“: Ако имате пари одма купете го Погба!

Легендарниот дефанзивец на Интер, Џузепе Бергоми смета дека „нероаѕурите“ треба да се обидат да го доведат проблематичниот Французин од Манчестер Јунајтед.

„Ако имаат пари треба веднаш да го купат. Навистина, не беше добар во последно време, но тој сигурно има квалитет да игра фудбал на највисоко ниво. Не треба посебно да се адаптира и веднаш би можел да направи разлика. Погба покажа дека може да биде доминантен во Серија А“, изјави Бергоми.

Инаку во последните денови Погба многу се поврзуваше со враќање во редовите на Јувентус каде што играше најдобар фудбал пред да премине во Манчестер Јунајтед за околу 120 милиони евра.

ЕУРО 2020

Македонија