петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Легендата на чешкиот фудбал во затвор поради секс скандал

Легендата на чешкиот фудбал во затвор поради секс скандал

Некогашниот репрезентативец на Чешка и еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа земја, 44 годишниот Томаш Репка денеска е осуден на шест месеци затвор.

Судот во Брно одлучи дека поранешниот стопер на Вест Хем и Фиорентина е виновен поради рекламирање сексуални услуги на интернет под името на својата поранешна сопруга Владка Ербова.

Новата девојка на Репка, Катерина Кристелова помина нешто подобро, па како соучесничка казнета е со 50.000 чешки круни, што е околу 2.00 евра. Тие под фотографијата на поранешната сопруга на Репка го оставиле и нејзиниот личен број, па Владка имала доста непристојни понуди.

Томаш Репка во текот на својата кариера забележа 45 настапи за Чешка, а покрај Фиорентина и Вест Хем играше и за Спарта Прага.

Коронавирус